0_Спорт.ПорталФудбал

Канте го пропушта дербито со Тотенхем

Синоќа Французинот беше заменет во 12. минута од натпреварот против Манчестер Јунајтед, кој „сините“ го загубија со 0-2. Случката ги продолжи неволјите за 28-годишниот Канте, кој претрпе разни повреди од крајот на минатата сезона.

Лондон, 18 февруари 2020 (МИА) – Играчот од средниот ред на Челзи, Н’Голо Канте, најверојатно ќе го пропушти дербито против Тотенхем в сабота.

Синоќа Французинот беше заменет во 12. минута од натпреварот против Манчестер Јунајтед, кој „сините“ го загубија со 0-2. Случката ги продолжи неволјите за 28-годишниот Канте, кој претрпе разни повреди од крајот на минатата сезона.

– После тоа што се случи вечерва, Н’Голо веројатно нема да биде подготвен за сабота. Тоа е повреда во адукторот и треба да се испита. На прв поглед, тоа изгледа лошо, изјави Лампард за „Скај Спортс“.

Менаџерот исто така потврди дека Кристијан Пулишиќ и Калум Хадсон-Одои нема да играат против „петлите“, додека напаѓачот Тами Абрахам е под знак прашалник.

Таг
Back to top button
Close
Close