Парламентарни избори 2020Политички партии

Кандидатот за пратеник на СДСМ од ИЕ 3 Коциќ најави спроведување на ветените мерки

Кандидатот за пратеник на СДСМ од ИЕ 3 Ненад Коциќ денеска изјави дека согласно препораките на Владата, очекува оти се ќе помине во најдобар ред и граѓаните ќе бидат заштитени и за време на кампањата и одговорно ќе се однесуваат за лична и колективна заштита од коронавирусот.

Велес, 24 јуни 2020 (МИА) – Кандидатот за пратеник на СДСМ од ИЕ 3 Ненад Коциќ денеска изјави дека согласно препораките на Владата, очекува оти се ќе помине во најдобар ред и граѓаните ќе бидат заштитени и за време на кампањата и одговорно ќе се однесуваат за лична и колективна заштита од коронавирусот.

-Мораме постојано да бидеме внимателни  и да внимавеме едни на други и  сите да носиме одговорност за јавната безбедност, потенцира Коциќ пред велешани. 

Тој информира дека СДСМ ја почнува својата кампања чија програма е заснована на шест основни столбови кои се еднакво важни во развојот на државата. Под број еден, како што рече, е нова македонска економија, компатибилна со европските економии и напредок на државата од сите аспекти на економијата. Како второ, нагласи тој, е развојот на здравството бидејќи, како што рече, се справуваме со светска корона пандемија, а со која здравствениот систем во земјава веќе неколку месеци макотрпно се бори. – За таа цел ќе работиме и понатаму за развој на овој здраствен систем, рече Коциќ.

Како трето, Коциќ појасни дека ќе се борат за  правна и праведна држава. Нагласи дека мора да има правда за сите и тоа што ќе го спроведат во наредните четири години е европска правда и правда за сите врз основа на закон и прописи. Тој рече дека ќе се залагаат за екологија, за чист воздух, борба за повеќе сончеви колектори и за искористување на термални и други извори на енергија и ќе биде еден од шесте императиви на оваа коалиција на СДСМ.

-Ние целосно ќе се вклопиме како во оваа и во сите други, во спроведувањето на ветените мерки и се надеваме дека Република Северна Македонија по четири години ќе биде пример за еко држава и за тоа како се практикува одржливиот развој на едно општество. Тоа  е основата на секоја современа европска држава и сметаме дека треба да стане и за нашата држава, рече Коциќ. ад/мд/

Back to top button
Close
Close