ЕвропаЕвропа.Портал

Кандидатката на најголемата опозициска партија во Полска се откажа од кандидатурата за претседателските избори

Кандидатката за претседател на Полска на најголемата опозициска партија „Граѓанска платформа“, Малгожата Кидава-Блонска, се откажа од учество на изборите.

Варшава, 15 мај 2020 (МИА) – Кандидатката за претседател на Полска на најголемата опозициска партија „Граѓанска платформа“, Малгожата Кидава-Блонска, се откажа од учество на изборите.

– Нема да се учествувам на овие избори, рече таа на прес-конференција во Парламентот.

Според последните анкети, Кидава-Блонска за еден месец изгуби значаен дел од поддршката, иако на почетокот на кампањата се сметаше за главен конкурент на сегашниот шеф на државата Анджеј Дуда, кој се кандидира за втор мандат.

Се очекува Граѓанската платформа денеска да објави друг кандидат за претседател, а според локалните медиуми, тоа би можело да биде градоначалникот на Варшава, Рафал Ташасковски или поранешен министер за надворешни работи, Радослав Шикорски.

Претседателските избори во Полска беа закажани за 10 мај, но не можеа да се одржат поради пандемијата на коронавирусот и политичко несогласување. Претседателката на Парламентот Елжбета Витек сега има рок од 14 дена да го закаже новиот датум за изборите. Се очекува тие да се одржат во јуни или јули. јт/

 

Таг
Back to top button
Close
Close