0_Македонија.ПорталПарламентарни избори 2020ПолитикаПолитички партии

Кандидатите за пратеници на АА и на Алтернатива на средба со граѓани во Јаболчиште

Носителот на кандидатската листа во Изборната единица 3 на Алијанса на Албанците и Алтернатива Беким Татеши, заедно со Арбен Таравари и Адмирим Алиу вчера имаше средба со жителите на село Јаболчиште.

Скопје, 6 јули 2020 (МИА) – Носителот на кандидатската листа во Изборната единица 3 на Алијанса на Албанците и Алтернатива Беким Татеши, заедно со Арбен Таравари и Адмирим Алиу вчера имаше средба со жителите на село Јаболчиште.

Во оваа пригода Татеши рече дека 15 јули ќе биде денот кога граѓаните ќе одлучат за себе и за иднината на земјата во која живеат.

Ние одлучуваме тој ден дали ќе одиме напред или ќе се вратиме назад, се зависи од вас, треба да знаеме дека не сме војска, не сме оружје, не сме куршуми. Куршуми за нас се само вашите гласови, тоа што ќе го заокружите на 15 јули, тие се куршуми со кои ќе ни дадете волја, ќе ни дадете сила да работиме, рече Татеши.

Од друга страна, Арбен Таравари истакна дека Беким Татеши води достоинствена кампања и тој е во водство 3:1 наспроти кандидатот на ДУИ.

Татеши потенцираше дека промената ќе дојде токму од Јаболчиште и победата ќе биде на коалицијата Алијанса на Албанците и Алетрнатива.

-Ние ќе ги вратиме насмевката и раскошот во секој дел каде што има Албанци затоа што тие велат дека го изгубиле погледот кон тоа. Сега е време, рече тој. ев/скс/

Back to top button
Close
Close