0_Македонија.ПорталПарламентарни избори 2020Политика

Кандидатите на Алијансата за Албанците и Алтернатива на средби со граѓани на Тетово

Кандидатите Аднан Незири и Хисни Исмаили од коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива од изборната единица 6 денеска имаа средби со жители на населбата Тетекс 2 во Тетово.

Скопје, 26 јуни 2020 (МИА) – Кандидатите Аднан Незири и Хисни Исмаили од коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива од изборната единица 6 денеска имаа средби со жители на населбата Тетекс 2 во Тетово.

На оваа средба, кандидатите ја претставија програмата на коалицијата „Држава за сите“, која, како што истакнаа Незири и Исмаили, им гарантира на граѓаните радикална промена во многу области: социо-економијата, правдата, здравството, образованието и културата.

Кандидатите Незири и Исмаили ги сослушале проблемите и загриженоста на граѓаните со кои се соочуваат.

Коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива во наредните денови ќе реализираат и други средби со граѓаните. со секој граѓанин, внимателно да ги согледаат нивните проблеми, да ја претстават победничката програма која е гарант за решавање на какви било проблеми и пречки.фф/са/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close