0_Спорт.ПорталФудбал

Канаваро сака да води клуб од Премиер лигата

Поранешниот дефанзивец на италијанската репрезентација и Јувентус, сега – тренер на Гуангжу Евергранд, Фабио Канаваро изјави дека би сакал да работи во шампионатот на Англија.

Лондон, 9 мај 2020 (МИА) – Поранешниот дефанзивец на италијанската репрезентација и Јувентус, сега – тренер на Гуангжу Евергранд, Фабио Канаваро изјави дека би сакал да работи во шампионатот на Англија.

– Би сакал да работам во Премиер лигата. Ги гледам сите натпревари во Премиер лигата, навистина ми се допаѓа културата на фудбалот во Англија. Во Кина работам на подобрување на мојот фудбалски систем. Да, јас водам еден од најдобрите азиски клубови, но би сакал да се испробам во Европа, изјави Канаваро. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close