0_Спорт.ПорталSport.SlajderОстанатоРезултати

Канада нов светски шампион за хокеари до 20 години

Репрезентацијата на Канада го освои трофејот на хокеарскиот Мундијал за играчи до 20 години, откако синоќа во финалето ја совлада Русија со 4:3.

Острава, 6 јануари 2020 (МИА) – Репрезентацијата на Канада го освои трофејот на хокеарскиот Мундијал за играчи до 20 години, откако синоќа во финалето ја совлада Русија со 4:3.

Мечот одигран во Острава, Чешка, беше решен во последната третина која Канаѓаните ја добија со 3:1 и негативата од 1:2 што ја имаа по 40 минути, ја претворија во победа.

За канадскиот национален младински тим ова беше 18 шампионски трофеј на Светските првенства.

Во дуелот за третото место, Шведска ја победи Финска со 3:2. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close