Svet.SlajderСветСвет.Портал

Канада/Ковид-19: Дваесет отсто зголемен бројот на смртни случаи

Речиси 12.000 случаи на заразени од новиот коронавирус се регистрирани во Канада, при што бројот на смртните случаи е зголемен за речиси 20 отсто, според податоците што ги објави денеска државната Агенција за јавно здравје.

Oтава, 3 април 2020 (МИА) – Речиси 12.000 случаи на заразени од новиот коронавирус се регистрирани во Канада, при што бројот на смртните случаи е зголемен за речиси 20 отсто, според податоците што ги објави денеска државната Агенција за јавно здравје.

Агенцијата на својата веб-страница соопшти дека бројот на заболени се зголемил за околу 16 проценти, на 11.747 од 10.132 ден претходно, а смртните случаи се зголемија на 152 од 127.

Бројот на заразени од Ковид-19 во светот надмина 1.064.000, додека бројот на починати е повеќе од 56.000 луѓе. зш/

Back to top button
Close
Close