0_Македонија.ПорталГраѓански секторХроникаХроника.Портал

Камион удрил пешак на влезот во Скопје

А.Т. (76) е тешко поврден откако во него утрово удрил камион додека го преминувал булеварот „Александар Македонски“ на влезот во Скопје.

Скопје, 9 септември 2020 (МИА) – А.Т. (76) е тешко поврден откако во него утрово удрил камион додека го преминувал булеварот „Александар Македонски“ на влезот во Скопје.

Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, со товарното моторно возило „фолксваген транспортер“, со скопски регистарски ознаки, управувал Е.К. (32) од скопското село Батинци.

Според МВР, А.Т. бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ каде му се констатирани повредите.

СВР Скопје изврши увид на местото на настанот. см/мч/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close