СветСвет.Портал

Калифорнија на бездомниците им дава на користење речиси 300 згради во државна сопственост

Американската држава Калифорнија ќе обезбеди речиси триста од зградите во нивна сопственост за употреба од бездомници, изјави гувернерот Гавин Њусом.

Сакраменто, 20 февруари 2020 (МИА) – Американската држава Калифорнија ќе обезбеди речиси триста од зградите во нивна сопственост за употреба од бездомници, изјави гувернерот Гавин Њусом.

Њусoм, кој е од Демократската партија, голем дел од својот годишен говор го посвети на состојбата на државата, на законодавството што ќе помогне во решавањето на кризата со бездомниците.

Бројот на бездомници во Калифорнија достигна 151.000 минатата година (16 отсто од популацијата во државата).

Гувернерот на Калифорнија вети дека ќе потроши дополнителни 750 милиони долари оваа година за заштита на бездомници. Њусом истакна дека повеќето бездомници се психички болни и дека решавањето на здравствените проблеми е дел од решението за кризата со бездомниците. зш/

Back to top button
Close
Close