0_Web_Актуелно0_Македонија.ПорталПолитика

Калеска-Ванчева: Нема суштинска разлика во новиот предлог-закон за јавно обвинителство 

Новиот предлог-закон за јавно обвинителство нема суштински разлики во однос на претходниот, изјави денеска пратеничката Снежана Калеска-Ванчева од СДСМ, но додава дека не би сакала да коментира пред за него да се разговара и да се изјасни опозициската ВМРО-ДПМНЕ.  

Скопје, 17 јануари 2020 (МИА) – Новиот предлог-закон за јавно обвинителство нема суштински разлики во однос на претходниот, изјави денеска пратеничката Снежана Калеска-Ванчева од СДСМ, но додава дека не би сакала да коментира пред за него да се разговара и да се изјасни опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
– Доставен е нов изготвен предлог на закон за јавно обвинителство до најголемата опозициска партија за да го разгледаат и да дадат свое мислење и да се донесе закон. Искрено се надевам дека ова ново понудено законско решение ќе биде прифатливо за да седнеме и онака како што налага Деловникот, низ конструктивна собраниска расправа да донесеме закон, консензуално, бидејќи ваков закон може да биде добар само ако биде донесен со консензус, изјави Калеска-Ванчева. ев/ац/

Back to top button
Close
Close