0_Магазин.ПорталЗдравје

Како вежбањето влијае на мозокот?

Бројни истражувања го поврзуваат вежбањето не само со подобро физичко, туку и со посилно психичко здравје. Но, што всушност се случува со мозокот кога вежбаме?

Детроит, 23 јуни 2021 (МИА) – Бројни истражувања го поврзуваат вежбањето не само со подобро физичко, туку и со посилно психичко здравје. Но, што всушност се случува со мозокот кога вежбаме? Психијатарот Араш Јаванбахт од Државниот универзитет „Вејн“ во Детроит, Мичииген, САД, за „Конврзејшн“ објаснува што ни се случува главата тогаш…

Вежбањето создава нови мозочни клетки

Според Јаванбахт, редовното вежбање не само што го подобрува расположението, туку и, како што вели – „ја менува биологијата“ на мозокот.

– Редовното вежбање, особено кардиовежбите, го менуваат мозокот. Наспроти она што некои го мислат, мозокот е многу „пластичен“ орган. Не само што така се ствараат нови нервни врски секој ден, туку се создаваат и нови клетки во важни делови на мозокот. Една од клучните области е хипокампусот, кој е одговорен за учењето, помнењето и регулирањето на негативните емоции, наведува тој.

Молекулите познати како „мозочен невротрофичен фактор“ – потекнуваат од мозокот. Всушност, тоа се молекули коишто помагаат да се создадат новите мозочни клетки.

– Разни аеробни и интервални вежби со висок интензитет значително го зголемуваат нивото на мозочниот невротрофичен фактор. Постојат докази од истражување врз животни дека овие промени се случуваат на епигенетско ниво, што значи дека влијаат на гените, што пак, доведува до промени во нервните врски и функциите!, додава д-р Јаванбахт.

Вежбањето ја намалува физичката вознемиреност

Десетина испитувања посочуваат дека физичката активност може да спречи депресија, но според Јаванбахт, тоа не ги вклучува само чувствата, туку и физичките симптоми на анксиозноста.

– Вежбањето може дури и да ги десензибилизира луѓето во однос на физичките симптоми на вознемиреност. Ова се должи на сличностите на физичките влијанија на вежбањето, особено вежбите со висок интензитет – со оние на анксиозноста, вклучувајќи го тука и отежнатото дишење, срцебиењето и стегањето на градите, објаснува тој.

Поголема самодоверба

Според стручњаците, вежбањето ја зголемува и самоувереноста. Вон Колинс од компанијата „Комплит“ вели дека редовната рутина на вежбање го направила поспособен и повешт јавен говорник.

– Кога започнав да пливам, пред повеќе години, веднаш открив дека се подобрува квалитетот на мојот јавен настап. Честопати изведував поголеми групни обуки. Мојата способност за регулирање на вдишувањето и издишувањето драматично се подобри. Тоа е поради моите бели дробови кои „научија“ да дишат со длабоки, бавни вдишувања додека пливам. Придобивките беа неверојатни – и со текот на времето, само се подобруваат. Ако сметате дека е тешко да дишете во одредени ситуации, како што е јавен настап – одете на вежби, и тоа со редовен распоред, вели Колинс.  си/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close