КултураКултура.ПорталКултура.Слајдер

Кафе Кино на 42. издание на манифестацијата „Скопско лето“

Во рамки на овогодинешното 42. Издание на манифестацијата „Скопско лето“, ќе се одржува и Кафе Кино кое ќе трае шест дена. Сите проекции на филмовите на Кафе Кино ќе се одржуваат во летното кино „Мирно лето“ на Кинотека на С. Македонија, со почеток во 20:30 часот. Влезот ќе биде регулиран со билети што ќе можат да се купат на билетарата на Кинотека на С. Македонија по цена од 100 денари.

Скопје, 9 јули 2021 (МИА) – Во рамки на овогодинешното 42. издание на манифестацијата „Скопско лето“, ќе се одржува и Кафе Кино кое ќе трае шест дена. Сите проекции на филмовите на Кафе Кино ќе се одржуваат во летното кино „Мирно лето“ на Кинотека на С. Македонија, со почеток во 20:30 часот. Влезот ќе биде регулиран со билети што ќе можат да се купат на билетарата на Кинотека по цена од 100 денари.

Посетителите на „Скопско лето“ денеска воедно ќе имаат можност да го проследат концертот  „Вечер со руски романси“, со почеток во 20:30 часот во Музеј на македонската борба. Ќе се изведуваат соло песни од руски автори, а учествуваат: Македонка Петреска – сопран, Ивона Огненовска – мецо-сопран, Елена Васова – сопран, Сара Јанева – мецо – сопран, Марија Ѓеорѓиевска – сопран, Фјола Исеини – сопран, Мариана Бошковска – мецо-сопран, Билјана Камчева – сопран и Давид Миладинов – баритон. Музички соработник и водител е м-р Елена Силјановска.

Годишниот концерт на руски романси имал најмногу публика во последниве три години. Минатата  година првпат концертот влезе и во прогамата на „Скопско лето“. Учествувале повеќе од 40  млади македонски вокалисти – студенти и ученици  од образовни институции во земјава.

Освен изведба на композициите присутен е наративен – едукативен и емотивен – дел поврзан со историја, стил, композитори, поети, изведувачи. Во програмата покрај класични дела, вклучени се и романси непознати за македонската публика.

Концертот ќе се одржи согласно протоколите за одржување на настани, а влезот ќе се регулира со билети по фестивалска цена од 200 денари кои ќе може да се купат пред почетокот на концертот на влезот на Музејот.свс/лв/

 

Таг
Back to top button
Close
Close