
Гевгелија, 23 февруари 2021 (МИА) – Поради изобилството храна и топлата езерска вода, јато од стотина кадроглави пеликани секоја година во периодот од ноември до март уживаат на Дојранското Езеро, каде претставуваат атракција за посетителите.
Богатата флора и фауна на нашиот југоисточен бисер, како и присуството на многу видови птици, меѓу кои и кадроглавите пеликани, се најдобра потврда дека не случајно регионот на Дојранското Езеро е прогласено за клучно подрачје на биолошката разновидност на медитеранот.
Според Општина Дојран, еден од приоритетите е подобрување на квалитетот на езерската вода и екосистемот за да се подобрат условите за развој на уште побогат растителен свет и престој на птици како кадроглавите пеликани, кои се најголеми и единствени во својот вид.
За спомнатите активности Општина Дојран од Владата неодамна доби на располагање 70 милиони денари. им/мч/