ЗдравјеМагазин

Каде грешат луѓето: научни истражувања што ги побиваат митовите за никотинот

Научни истражувања покажуваат дека никотинот не е примарниот причинител за болестите поврзани со пушењето. „Економист“ објави научна дискусија за е-цигари во краток документарен филм насловен „Вапинг: што сè прават луѓето  погрешно“.

Скопје, 13 февруари 2020 (МИА) – Научни истражувања покажуваат дека никотинот не е примарниот причинител за болестите поврзани со пушењето. „Економист“ објави научна дискусија за е-цигари во краток документарен филм насловен „Вапинг: што сè прават луѓето  погрешно“.

„Економист“ ги разгледува реакциите против вапингот, кои се засилување на митовите за електронските цигари што содржат никотин, а кои не се поддржани со научно истражување.

Во видеото се прикажува Роберт Вест, професор по здравствена психологија на Универзитетскиот колеџ во Лондон, кој вели: „Загриженоста се однесува на корисниците на е-цигари кои ги користеле истите да престанат да пушат, ќе се вратат на пушење. Ако тоа се случи, многу животи ќе бидат изгубени“.

-Иако не се согласуваме со сите гледишта изразени во видеото, истото дава урамнотежена перспектива за проблемот со vaping-от во САД и во останатите земји и за опасностите од забраната на електронските цигари или нивно несоодветно регулирање, пишува „Економист“. дма/са/

Back to top button
Close
Close