Svet.SlajderБалканБалкан.ПорталДописници Свет

Кацин: По Велигден се планира повторно отворање на некои фабрики

Словенечката Влада прави план по Велигденските празници повторно да дозволи некои фабрики да ги активираат погоните и да почнат со производство, јави дописникот на МИА од Љубљана.

Љубљана, 6 април 2020 (МИА) – Словенечката Влада прави план по Велигденските празници повторно да дозволи некои фабрики да ги активираат погоните и да почнат со производство, јави дописникот на МИА од Љубљана.

Голем број производствени капацитети низ државата се затворени поради епидемијата на коронавирусот.

Според портпаролот на Влада Јелко Кацин, владата ги преиспитува мерките за ограничување и прави планови за враќање на државата во нормална ситуација.

– Работиме на тоа некои погони во индустријата да ги отвориме по Велигденските празници, секако ако продолжи трендот на намалување на бројот на новозаразени со коронавирусот, изјави Кацин.

Портпаролот не сакаше да открие повеќе детали за плановите, но најави дека владата ќе има посебна седница за тоа прашање, а кога ќе имаат нешто конкретно тоа ќе и биде и соопштено на јавноста. ав/сд/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close