Svet.SlajderСветСвет.Портал

Кабул ќе ослободи 5.000 талибански затвореници ако се намали насилството

- Помилувањето и првото ослободување на 1.500 талибански затвореници започнува в сабота и по околу 100 талибанци ќе бидат ослободени секој ден, рече портпаролот Седики.

Кабул, 11 март 2020 (МИА) – Авганистанската Влада постепено ќе ослободи 5.000 талибански затвореници ако има „значително“ намалување на насилството во земјата, изјави синоќа портпаролот Седик Седики.

– Помилувањето и првото ослободување на 1.500 талибански затвореници започнува в сабота и по околу 100 талибанци ќе бидат ослободени секој ден, рече Седики.

Според него, кога ќе започнат мировните преговори меѓу авганистанските власти и талибанците, ќе бидат ослободени уште 500 затвореници секоја втора недела.

Седики додаде дека услов за ослободување е „значително“ намалување на насилството. зш/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close