ХроникаХроника.Портал

Кај штипјанец полицијата пронашла оружје и дополнителна опрема

При извршен претрес во домот и помошните простории на М.Б.(44) од Штип, по претходна судска наредба, вчера од 16.30 до 17.40 часот во Штип, од страна полициски службеници биле пронајдени автоматска пушка „хеклер“ калибар 9x19милиметри, малокалибарска пушка, пушка-карабин „симун“, пиштол „бровинг“ калибар 9 милиметри, револвер „гранд“ калибар 22 милиметри, револвер „таурус“, 1.119 парчиња куршуми различен калибар, како и разновидна дополнителна опрема за оружјето (оптички нишан, пригушувач и друго).

Скопје, 4 јануари 2020 (МИА) – При извршен претрес во домот и помошните простории на М.Б.(44) од Штип, по претходна судска наредба, вчера од 16.30 до 17.40 часот во Штип, од страна на полициски службеници биле пронајдени автоматска пушка „хеклер“ калибар 9×19 милиметри, малокалибарска пушка, пушка-карабин „симун“, пиштол „бровинг“ калибар 9 милиметри, револвер „гранд“ калибар 22 милиметри, револвер „таурус“, 1.119 парчиња куршуми различен калибар, како и разновидна дополнителна опрема за оружјето (оптички нишан, пригушувач и друго).

МВР денеска соопшти дека поради постоење основи на сомнение дека е сторител на кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“, казниво по чл.396 од КЗ на РСМ, тој бил приведен во полициска станица, а пронајдените предмети се одземени.

По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок. цр/аа/

Back to top button
Close
Close