0_Спорт.ПорталКошарка

Кајри Ирвинг го пропушта остатокот од сезоната

Кошаркарот на Бруклин, Кајри Ирвинг ќе бид еподложен на операција на десното рамо и ќе го пропушти остатокот од сезоната 2019/20.

Њујорк, 21 февруари 2020 (МИА) – Кошаркарот на Бруклин, Кајри Ирвинг ќе бид еподложен на операција на десното рамо и ќе го пропушти остатокот од НБА сезоната 2019/20.

Одлуката е донесена по посетата на специјалист од страна на Ирвинг во изминатите неколку дена.

Ирвинг претходно пропушти 26 натпревари од тековната регуларна сезона поради проблеми со рамото, но се врати во средината на јануари.

Во дебитантската сезона за Нетс, Ирвинг одигра 20 натпревари постигнувајќи 27,4 поени, 5,2 скока и 6,4 асистенции во просек по натпревар. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close