0_Спорт.ПорталКошарка

Кајри Ирвинг ќе го пропушти остатокот од сезоната

Кошаркарот на Бруклин, Кајри Ирвинг нема да биде на терените по продолжувањето на сезоната 2019/20 во НБА.

Њујорк, 6 јуни 2020 (МИА) – Кошаркарот на Бруклин, Кајри Ирвинг нема да биде на  терените по продолжувањето на сезоната 2019/20 во НБА.

„Yahoo Sports“ објави информација дека кошаркарот може да се приклучи на тимот, но само како непријавен играч за поддршка на соиграчите во Бруклин.

Во март, Ирвинг беше подложен на операција на рамото, поради што требаше да го пропушти остатокот од сезоната, сепак, поради пауза поради коронавирусот, се појавија информации дека кошаркарот може да има време да се врати на теренот. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close