Општински вестиСкопје

Кај дел од корисниците во општина Аеродром утре ќе има прекин во водоснабдувањето и електричната енергија

Поради отстранување дефект на водоводна мрежа со пречник ф-150 мм на ул. Горно Лисиче бр. 7, од 09:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улиците: Ѓорѓи Андреевиќ Кун и 12-та Македонска ударна бригада.

Скопје, 13 јули 2020 (МИА) – Поради отстранување дефект на водоводна мрежа со пречник ф-150 мм на ул. Горно Лисиче бр. 7, од 09:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улиците: Ѓорѓи Андреевиќ Кун и 12-та Македонска ударна бригада.

Заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа, без електрична енергија ќе останат од 10:30 до 12:00 часот, објектите на патот од с. Горно Лисиче кон с. Долно Лисиче.

Прекин на електричната енергија ќе имаат и корисниците од 08:00 до 14:00 часот во село Орман, од 08:30 до 14:00 часот, улици 14 и 16 во село Сопиште и од 09:00 до 14:00 часот, ул. Генерал Михајло Апостолски од бр. 1 до бр. 50 и бул. Партизански Одреди од бр. 51 до бр. 81 во  Општина Карпош. см/нд/

 

Back to top button
Close
Close