0_Спорт.ПорталФудбал

Каљари сака да го врати Наинголан

Каљари сака да го врати во своите редови играчот за врска на Интер, Раџа Наинголан, објави инсајдерот Николо Скира на Твитер.

Каљари, 19 септември 2020 (МИА) – Каљари сака да го врати во своите редови играчот за врска на Интер, Раџа Наинголан, објави инсајдерот Николо Скира на Твитер.

Наинголан играше за Каљари во сезоната 2019/20 на позајмица. Играчот од средниот ред има одиграно 29 натпревари на сите турнири за „црвено-сините“ постигна шест погодоци и седум асистенции.

На крајот на минатата сезона, Сардинците ја објавија својата желба да го задржат Белгиецот, но не можеа да го откупат неговиот договор.  зс/

Таг
Back to top button
Close
Close