Дописници МКДКултураОпштински вести

Kреативна работилница во тетовското село Варвара

Ученици од петто до деветто одделение од многу македонски општини денеска учествуваа на креативна работилница во тетовското планинско село Варвара, во организација на Републичкото здружение на децата бегалци и нивните потомци од Егејскиот дел на Македонија „Т’га за југ”.

Тетово, 28 мај 2022 (МИА) – Ученици од петто до деветто одделение од многу македонски општини денеска учествуваа на креативна работилница во тетовското планинско село Варвара, во организација на Републичкото здружение на децата бегалци и нивните потомци од Егејскиот дел на Македонија „Т’га за југ”.

Во дворот на црквата „Света Петка“ тие твореа ликовни дела, стихотворби, цртежи и раскази на повеќе теми поврзани со македонската историја, култура и традиција.

-Целта на креативната работилница е учество на младите како креатори на нашата иднинаа со цел да не се заборават културата, традицијата, мелосот и песните на еден народ. Ги вклучивме и најмладите да учествуваат заедно со нас на денот кога се одржал првиот состанок за формирање на Здружението на децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија во далечната 1985 година водени од мототоДа не го заборавиме минатото, но да се стремиме кон подобра иднина”, изјави Евгенија Николовска, претседателка на Здружението.

Учениците преку поезија, проза, цртежи и песни ја покажуваат својата креативност на повеќе теми, како „Илинденско востание во Егејска МакедонијаЕгзодус – деца бегалци 1946-1949„СреќаМилион соништаМир, љубов, слобода“.

Беа вклучени ученици од петто до деветто одделение од Босилово, Струмица, Радовиш, Куманово, Скопје, Тетово, Теарце, Кичево, Охрид, Битола и Могила. ас/хс/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close