Дописници МКДОпштество

Kонференција „Спортски туризам – клучни аспекти и можности за развој“ на Попова Шапка

Конференција на тема „Спортски туризам – клучни аспекти и можности за развој“, во организација на Фондација Претприемачки сервис за млади се одржа денеска на Попова Шапка. Главен фокус на конференцијата беше ставен на клучните аспекти и можностите за развој на спортски туризам во земјава.

Тетово, 26 ноември 2021 (МИА) – Конференција на тема „Спортски туризам – клучни аспекти и можности за развој“, во организација на Фондација Претприемачки сервис за млади се одржа денеска на Попова Шапка. Главен фокус на конференцијата беше ставен на клучните аспекти и можностите за развој на спортски туризам во земјава.

овремените тенденции во развојот на туризмот во светот покажуваат дека станува збор за појава која постојано добива нови вредности. Спортскиот туризам е еден од формите на селективност која може да одговори на современите услови на туристичкиот пазар. Но, анализите спроведени, на пример, во Југозападниот плански регион во земјава покажуваат дека учеството на туристи кои ја посетиле Република Македонија поради спорт и спортски активности е релативно ниско и изнесува околу еден процент, што претставува многу ниско учество и отвора простор за унапредување на спортскиот туризам, истакна проф. д-р Ана Здравковска Илиевска, еден од главните говорници на конференцијата.

Конференцијата овозможи да се развијат нови партнерства кои ќе влијаат врз креирањето и прилагодувањето на практиките и политиките во спортскиот туризам, со институциите одговорни за планирање и развој на нови идеи преку примена и реализација на нови бизнис модели.

Од 2015 Стратегијата за развој на туризмот на РМ опфаќа и Потстратегиски документ за спорстки туризам со кој се овозможува спортскиот туризам да се искористи во насока на унапредување на состојбите и определување на издржана проекција. Но, потстратегијата за спортски туризам потребно е да има оперативен карактер, нешто што досега не е најсилна страна и пред сѐ посебно внимание треба да се даде на пристапот кој ќе овозможи целосно ставање на постоечките природно – атракциски мотивациски фактори во функција на спортскиот туризам во земјава. Тоа подразбира обезбедување државна поддршка, надминување на состојбата со недостаток на специјалисти во областа и секако соодветна инфраструктура – најважниот проблем на целиот македонски туризам, нагласи Здравковска – Илиевска.

Беа презентирани и проектите кои се дел од интернационалниот проект „ENROUTE“, кофинансиран од програмата Еразмус+, во реализацијата на Фондација Претприемачки сервис за млади, односно дел од курсот „Менаџер за спорт и туризам на отворено“ (ENROUTE“  – “SPORT AND TOURISM OUTDOOR MANAGER”)

 Обуката е значителен придонес во обуката на професионалци, особено во делот на спортски туризам во земјата. Идејата е да се поттикнат идните претприемачи од спортски туризам да се промовираат програмите за доживотно учење на наставници, обучувачи и спортски тренери, преку унапредување на нивните претприемачки вештини за развивање на иновативни бизнис модели за одржлив спортски туризам, посочија организаторите.

На конференцијата согласно практиката на „лабораторија на иновации“ во спортскиот туризам, се разменија добри практикиактивности и резултати.ас/са/

 

Back to top button
Close
Close