Посетете ја новата веб страна на МИА
0_Спорт.ПорталСпортФудбал

Kејн: Селектрот игра клучна улога во нашиот успех

Најдобриот англиски фудбалер Хари Кејн ги сподели своите размислувања за селекторот на тимот Герет Саутгејт.

Ал Хор, 4 декември 2022 (МИА) – Најдобриот англиски фудбалер Хари Кејн ги сподели своите размислувања за селекторот на тимот Герет Саутгејт.

Членот на Тотенхем високо ја цени работата на предводникот на неговата репрезентација.

– Многумина во нашиот тим го бранеа Саутгејт дури и за време на неуспесите во летото, бидејќи го разбираме пресвртот што тој го направи за Англија на и надвор од теренот. Знам дека навивачите и новинарите секогаш бараат повеќе, но ние го освоивме првото место во групата на Светското првенство во 2022 година – и тоа не може да се занемари, бидејќи некои големи репрезентации не успеаја да стигнат до плејофот. Имаме многу среќа со Саутгејт бидејќи тој е одличен тренер кој игра клучна улога во нашиот успех, го цитира Кејн „Мирор“.

Натпреварот Англија – Сенегал ќе се одигра вечер со почеток во 20 часот. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close