Дописници МКДОпштински вести

Извидниците од Кочани добија опрема од Дирекцијата за зашита и спасување

Извидничкиот одред „Ластовица“ од Кочани денеска доби опрема и помошни средства за преживување и ориентација во природа, како донација од Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС).

Кочани, 22 февруари 2021 (МИА) – Извидничкиот одред „Ластовица“ од Кочани денеска доби опрема и помошни средства за преживување и ориентација во природа, како донација од Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС).

На свеченоста на која се одбележа 22 февруари – Светскиот ден на извидниците, беше претставен дел од опремата што членовите на одредот ќе можат да ја користат при обуките и реализацијата на зацртаните активности.

– Со одлука на Владата, од ДЗС добивме материјално-технички средства на трајно користење, а главно се работи за опрема за укажување прва помош, бусоли, заштитна облека и наметки, шатори и друг материјал. За нас ова претставува голема поддршка со оглед што сме млад одред и активно делуваме веќе шест години, период во кој реализиравме повеќе обуки и кампови во соработка со другите одреди во државата, истакна Жаклина Стојчева Јорданова, претседателка на извидничкиот одред „Ластовица“.

Таа додаде дека во извидничкиот одред активни се над 100 членови, а интересот за зачленување е голем, поради што веќе се оформени пет возрасни групи, од развигорци до старешини.

Поради општата здравствена ситуација со пандемијата, минатата и оваа година кочанскиот извиднички одред не учествуваше на традиционалните извиднички кампови и своите активности ги реализираше онлајн, а соработката со Сојузот на извидници е на највисоко ниво.та/бт/

Таг
Back to top button
Close
Close