Дописници МКДОпштински вести

Извидници од Крива Паланка реализираа акција на Станечки водопади

Триесет членови на Извидничкиот одред „Наум Наумовски-Борче“ од Крива Паланка вчера спроведоа еднодневен извиднички хајк (обиколка) од центарот на Крива Паланка до туристичката атракција „Станечки водопади“ на Козја Река.

Крива Паланка, 27 јануари 2020 ( МИА) – Триесет членови на Извидничкиот одред „Наум Наумовски-Борче“ од Крива Паланка вчера спроведоа еднодневен извиднички хајк (обиколка) од центарот на Крива Паланка до туристичката атракција „Станечки водопади“ на Козја Река.

-Согласно годишната програма за 2020, извидничкиот одред ги отпочна и теренски годинашната работа и активности, изведувајќи еднодневен хајк на релација Крива Паланка, од пред извидничките простории, преку село Дурачка Река и село Станци, до водопадите на Козја Река познати како „Станачки водопади“ и обратно, а на хајкот учествуваа триесет млади членови на извидничкиот одред, момчиња и девојчиња -извидници, како и волонтерот од Мировниот корпус на САД во С. Македонија, Александар Бенишек, кој две години ќе биде дел од извидничкиот одред и ќе ни помага во афирмација и развој на извидништвото, информира старешината на ИО „Н.Н.Борче, Свете Милановски.
Во село Станци новопримените извидници го посетиле извидничкиот дом, каде што, во затоплени простории, направиле пауза за чај, а по враќањето од водопадите и извиднички ручек.
Милановски информира дека одговорен за движењето по релацијата бил Звонко Маџовски, началник на одредот, а одговорна за правилно движење и премин на опасните препреки на Козја река била Климентина Ангелова, заменичка на началникот.
Милановски воедно и бил одговорен за целокупниот хајк, кој според него, поминал во најдобар ред, во добри временски услови, согласно проектираните планови. ид/ир

Таг
Back to top button
Close
Close