Svet.SlajderДописници СветСветСвет.Портал

Извадоци од книгата на Болтон за политиката на Трамп кон Иран, Кина, ОН и Русија

Поранешниот советник за национална безбедност, Џон Болтон, во својата нова книга напиша дека претседателот Доналд Трамп не го послушал неговиот совет да бомбардира три воени објекти на Иран во одговор на соборувањето на американското беспилотно летало.

Вашингтон, 23 јуни 2020 (МИА) – Поранешниот советник за национална безбедност, Џон Болтон, во својата нова книга напиша дека претседателот Доналд Трамп не го послушал неговиот совет да бомбардира три воени објекти на Иран во одговор на соборувањето на американското беспилотно летало.

Трамп, наводно бил спречен поради фактот дека може да убие 150 луѓе кои наводно се наоѓале во близина на објектите. Според Болтон, сите три објекти биле изградени од Русите, но тие чинеле многу поевтино отколку соборениот дрон.

Леталото беше уништено во јуни 2019 година. Одговорноста за ова ја презеде милитантната иранска војска Стражи на исламската револуција. Трамп првин изјави дека тие направиле голема грешка, но потоа се предомисли и кажа дека уништувањето најверојатно е случајно.

Во книгата, Болтон исто така откри дека во 2018 година Трамп и забранил на американската амбасадорка во ОН, Ники Хејли, да се сретне со Далај Лама поради зачувување на добрите односи со Кина. Притоа, авторот смета дека одлуката била исправна бидејќи Хејли имала „проблем со политичкиот инстинкт“ и таа била ангажирана во тимот на Трамп само за да привлече гласови од женските избирачи. Болтон го разубедувал од тоа решение.

Во друг дел од книгата, Болтон истакнува дека Вашингтон и поставил на Русија тешки услови за обнова на Договорот за уништување на ракетите од мал и среден дострел. Притоа, за Вашингтон било важно да добие поддршка од останатите членки на НАТО. Генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг, тогаш им укажал на Американците дека Европа е загрижена поради ваквата одлука, и дека таа ќе создаде проблем за регионот.

Болтон истакнува дека Трамп можеби не ја разбира во целост суштината на договорот. Се наведува дека тој можеби сметал дека договорот влијае на раширување на нуклеарниот потенцијал. 

Промоцијата на книгата, насловена „Собата каде тоа се случи“ крена голема прашина во Вашингтон. Државниот секретар Мајк Помпео го спореди Болтон со изгонетиот „свиркач“ Едвард Сноуден. Белата куќа води судска битка за повлекување на книгата од продажба поради откривање на „строго доверливи информации“. кб/сд/

Back to top button
Close
Close