ОпштествоХроникаХроника.Портал

Изречени 51 санкција за пребрзо возење на територијата на СВР Штип

Како што соопшти МВР, засилената акциска контрола се спроведе 09 до 15 часот.

Скопје, 25 јули 2021 (МИА) – Полицијата денеска изрече 51 санкција за пребрзо возење на територијата на СВР Штип.

Како што соопшти МВР, засилената акциска контрола се спроведе 09 до 15 часот.

-Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, апелира МВР. мч/сст/

Back to top button
Close
Close