Svet.SlajderСветСвет.Портал

Израелската полиција уапсила палестински министер во Источен Ерусалим

Израелската полиција рано утринава го уапсила палестинскиот министер Фади ал-Хадми, кој во Палестинската управа е задолжен за Ерусалим, бидејќи наводно ја прекршил израелската забрана за палестинските политички активности  во источниот дел на овој град. 

Ерусалим, 3 април 2002 (МИА) – Израелската полиција рано утринава го уапсила палестинскиот министер Фади ал-Хадми, кој во Палестинската управа е задолжен за Ерусалим, бидејќи наводно ја прекршил израелската забрана за палестинските политички активности во источниот дел на овој град.

Ал-Хадми е уапсен во својот дом.

Кабинетот на министерот објави снимка на која се гледа како полицијата со кучиња ја пребарува неговата куќа.

Оттаму се наведува дека се конфискувани 10.000 шекели (околу 2.750 долари).

Ова е дури четврто апсење на овој министер.

Израел го освои Источен Ерусалим во војната од 1967 година и подоцна го анектираше, чин што меѓународната заедница никогаш не го призна.

Израел и забранува на Палестинската управа, која раководи со делови од Западниот брег, да делува во Источен Ерусалим и во него да се занимава со било какви политички активности. сд/

 

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close