Svet.SlajderСветСвет.Портал

 Израелската авијација одговори на ракетните напади на Хамас

Израелската војска синоќа соопшти дека Хамас испукал две ракети земја-земја кон јужен Израел од Појасот Газа, нарушувајќи го повеќемесечното примирје.

Газа, 27 јуни 2020 (МИА)Израелската војска синоќа соопшти дека Хамас испукал две ракети земја-земја кон јужен Израел од Појасот Газа, нарушувајќи го повеќемесечното примирје.

Израелската авијација одговори со напад на две воени упоришта на Хамас.

Засега нема информации за последиците од овие два напади, ниту една палестинска вооружена група не ја презеде одговорноста за ракетирањето на јужен Израел, а израелската војска соопшти дека воздушните напади биле изведени за „нарушување“ на вооружената способност  на Хамас во иднина да дејствува кон цели на Израел.

Пред два дена, военото крило на Хамас предупреди дека ќе се одмазди ако Израел продолжи да го спроведува планот за анексија на делови од палестинските територии. паг/

Таг
Back to top button
Close
Close