СветСвет.Портал

Израелската армија уби еден и рани двајца Палестинци во Западен Брег

Израелската армија соопшти дека нејзини припадници пукале врз група Палестинци, за кои верувале дека подготвуваат напад врз изараелски возила во окупираната територија на Западен Брег

Ерусалим, 20 август 2020 (МИА) – Израелската армија соопшти дека нејзини припадници пукале врз група Палестинци, за кои верувале дека подготвуваат напад врз изараелски возила во окупираната територија на Западен Брег.

Според палестинските власти во инцидентот убиен е еден 16-годишен Палестинец, а повредени се две момчиња.

Портпаролката на израелската армија изјави дека војниците отвориле оган откако забележале дека Палестинците носеле запаливи средства и се подготвувале да запалат автомобилски гуми во момент кога поминувале израелски возила.

Милитантната исламистичка организација Хамас преку соопштение изрази жалење за смртта на Палестинецот. ми/

Таг
Back to top button
Close
Close