СветСвет.Портал

Израелци убиле Палестинец, следела одмазда со 20 ракети

Од палестинска територија биле истрелани 20 ракети кон јужниот дел на Израел, само неколку часа откако Израел соопшти дека убил „палестински милитант“ кој се обидел да постави бомба долж граничната ограда меѓу Израел и Појасот Газа.

Тел Авив, 23 февруари 2020 (МИА) – Од палестинска територија биле истрелани 20 ракети кон јужниот дел на Израел, само неколку часа откако Израел соопшти дека убил „палестински милитант“ кој се обидел да постави бомба долж граничната ограда меѓу Израел и Појасот Газа.

Засега никој не преземал одговорност за истреланите ракети, но западните медиуми објавија дека нивна цел била одмазда за смртта на Палестинецот.

Израелската војска соопшти дека во јужниот дел на Израел се огласиле сирени за воздушна опасност и биле истрелани најмалку 20 ракети. При ракетните напади никој не е повреден, ниту е причинета материјална штета. гт/

Таг
Back to top button
Close
Close