Svet.SlajderСветСвет.Портал

Израел собори ракета истрелана од Појасот Газа

Израелската армија синоќа пресретна ракета истрелана од палестинските екстремисти од Појасот Газа

Ерусалим, 3 август 2020 (МИА) – Израелската армија синоќа пресретна ракета истрелана од палестинските екстремисти од Појасот Газа.

Армијата соопшти дека ракетниот одбранбен систем ја собори ракетата над градот Сдерот, јужен Израел.

Нема информации за евентуални жртви, а оштетено е едно возило.

Ракетниот напад од Појасот Газа е прв за речиси еден месец. ми/

Таг
Back to top button
Close
Close