СветСвет.Портал

Израел бомбардираше воени цели во Сирија

Израелски борбени авиони и хеликоптери синоќа нападнаа воени цели на сириската војска.

Ерусалим, 4 август 2020 (МИА) – Израелски борбени авиони и хеликоптери синоќа нападнаа воени цели на сириската војска.

Бомбардирањето е извршено неколку часа откако е спречено влегување на екстремисти од Сирија, кои се обиделе да подметнат експлозив, се наведува во соопштението на израелската војска.

На мета биле набљудувачки пунктови, противвоздушни артилериски инсталации и командни и контролни системи во сириските воени бази.

Сирија ги потврди нападите, наведувајќи дека израелските хеликоптери истрелале ракети кон сириските воени пунктови и причинета е материјална штета.

Израел ја освои Голанската висорамнина во војната во 1967 година и подоцна ја анектираше таа територија. Израелската анексија ја признаа само САД. гт/

Таг
Back to top button
Close
Close