Svet.Slajder

Израел ја продолжи забраната за влез во земјата до 1 август

Израелските власти ги известија странските авиокомпании дека забраната за влез во земјата на странски државјани, воведена на 18 март за да се спречи ширењето на коронавирусот, е продолжена до 1 август 2020 година, објави весникот „Едиот Ахронот“.

Ерусали, 25 јуни 2020 (МИА) – Израелските власти ги известија странските авиокомпании дека забраната за влез во земјата на странски државјани, воведена на 18 март за да се спречи ширењето на коронавирусот, е продолжена до 1 август 2020 година, објави весникот „Едиот Ахронот“.

Претходно, забраната за влез во земјата беше продолжена од 10 јуни до 1 јули. Кон средината на мај, израелските власти започнаа со укинување на карантинските мерки воведени во март за да се спречи ширењето на вирусот. Училиштата се отворија на 17 мај, плажите на 20 мај, базените, рестораните и кафулињата на 27 мај.

Од крајот на мај, основните упатства на Министерството за здравство во Израел остануваат во сила, како што се задолжително почитување на растојание од два метра меѓу луѓето и носење заштитни медицински маски надвор од домот. Неносење маска се казнува парично. паг/ 

Таг
Back to top button
Close
Close