0_Македонија.ПорталХроникаХроника.Портал

Изминатово деноноќие осум лица не ја почитувале изолацијата

Забраната за движење во изминатите 24 часа на ниво на целата држава не ја почитувале 55 лица при што 45 се приведени, а на отанатите им ссе земени податоци.

Скопје, 4 мај 2020 (МИА) – Забраната за движење во изминатите 24 часа на ниво на целата држава не ја почитувале 55 лица при што 45 се приведени, а на отанатите им се земени податоци.

Од МВР соопштиј дека според статистичките податоци за изминатото деноноќие на 63 лица им се издадени решенија за изолација, а 11 лица потпишале изјави за самоизолација.

-Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што е утврдено дека осум лица не ја почитувале мерката за изолација, информираат од МВР. бк/скс/

Back to top button
Close
Close