0_Македонија.ПорталОпштествоСкопје

Изминатата недела подигнати 223 непрописно паркирани возила во Скопје

Изминатата недела со „пајак“ се отстранети вкупно 223 возила од јавните површини. Од вкупниот број непрописно паркирани и подигнати возила, 35 се отстранети од зонските паркиралишта, а другите 188 возила по налог на сообраќајната полиција, информираат од Град Скопје.

Скопје, 4 февруари 2021 (МИА) – Изминатата недела со „пајак“ се отстранети вкупно 223 возила од јавните површини. Од вкупниот број непрописно паркирани и подигнати возила, 35 се отстранети од зонските паркиралишта, а другите 188 возила по налог на сообраќајната полиција, информираат од Град Скопје.

Контролорите на зонските паркиралишта, во истиот период санкционирале вкупно 369 возилa, поради нерегулирано паркирање, односно за неплатена паркинг-услуга. Од нив, 35 возила се отстранети со пајак службата, поради пречекорување на дозволеното време на задржување на паркиралиштето.

Град Скопје и Јавното претпријатие „Градски паркинг“ апелираат до граѓаните да го чуваат зеленилото и другите јавни површини, а своите возила да ги паркираат исклучиво на означените паркиралишта.ар/лв/

Таг
Back to top button
Close
Close