Општински вестиСкопје

Изминатата недела без огнови на отворено во Скопје

Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје во периодот од 26 март до 1 април на телефонскиот број 193, кој е дел од кампањата „Пријави оган на отворено“, не добила ниту една пријава од граѓаните.

Скопје, 2 април 2020 (МИА) – Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје од 26 март до 1 април на телефонскиот број 193, кој е дел од кампањата „Пријави оган на отворено“, не добила ниту една пријава од граѓаните.

-Во сезоната со зголемено загадување на воздухот, Градот Скопје ја продолжи кампањата за пријавување огнови на отворено на бесплатната телефонска линија 193. Градот Скопје преку својот инспекторат и Територијалната единица за противпожарна заштита, а во соработка со Министерството за труд и социјална политика, Министерството за внатрешни работи и Црвениот крст организира мешани тимови кои работат секој ден, 24 часа, и се справуваат со огновите на отворено, соопшти Град Скопје.

Оттаму посочуваат дека оваа кампања се спроведува трета година по ред и досега има одлични резултати.

Градот Скопје и Бригадата за противпожарна заштита апелираат граѓаните да ги пријавуваат сите случаи на палење оган на отворено, за да може огнот што побрзо да се изгаси, а сторителите да се санкционираат. бт/дма/

Таг
Back to top button
Close
Close