Дописници МКДОпштество

Изминатата година во Гевгелиско регистрирани помалку пожари

На териториите на општините Гевгелија, Богданци и Дојран, каде дејствува Територијалната противпожарна единица од Гевгелија, лани биле регистрирани 127 пожари или речиси половина помалку споредено со 2019 година.

Гевгелија, 17 февруари 2021 (МИА) – На териториите на општините Гевгелија, Богданци и Дојран, каде дејствува Територијалната противпожарна единица од Гевгелија, лани биле регистрирани 127 пожари или речиси половина помалку споредено со 2019 година.

– Најмногу од пожарите или вкупно 90 се регистрирани на отворен простор, 31 се случиле на објекти, а во шест наврати се интервенирало при сообраќајки. На приватен имот се интервенирало 74 пати, 38 пожари избувнале на објекти и простор во државна сопственост и 15 од пожарите биле на отворено на простор во мешовита сопственост, информираа денеска од Противпожарната единица во Гевгелија.

Во најголем број на случаи невниманието било причина за пожарите. Од пожарите во Гевгелиско биле повредени две лица, а причинета е материјална штета од 246.000 денари. им/бак/

Back to top button
Close
Close