ЕвропаЕвропа.Портал

Измените во Уставот на Русија утре стапуваат во сила

Рускиот претседател Владимир Путин потпиша указ за внесување на измени во Уставот на земјата, за кој на референдум гласаа 77,92 проценти од руските граѓани.

Москва, 3 јули 2020 (МИА) – Рускиот претседател Владимир Путин потпиша указ за внесување на измени во Уставот на земјата, за кој на референдум гласаа 77,92 проценти од руските граѓани.

Измените треба да стапат во сила на 4 јули, се вели во соопштението на прес-службата на Кремљ.

Путин годинава му предложи на Федералното собрание да внесе измени во Уставот, по што во Државната дума беше внесен конкретен предлог-закон.

Откако беше одобрен од Советот на Федерацијата, шефот на државата на 14 март потпиша закон за изменување и дополнување на Уставот, нагласувајќи дека измените ќе стапат во сила само доколку бидат поддржани од граѓаните на референдум.

Гласањето се одржа меѓу 25 јуни и 1 јули, а по пребројувањето беше утврдено дека речиси 58 милиони руски граѓани гласале за предложените измени. јт/

 

Таг
Back to top button
Close
Close