0_Македонија.ПорталПолитика

Измените на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги прифатливи за приватните национални телевизии

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска прими делегација на Македонска медиумска асоцијација на приватни национални телевизии.

Скопје, 7 февруари 2020 (МИА) – Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска прими делегација на Македонска медиумска асоцијација на приватни национални телевизии.

Претставниците на петте македонски национални телевизии ги пренесоа аргументите, фактите и ставовите на нивните медиуми во однос на постапката започната во Собранието за предлог – законот за изменување и дополнување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

Претставниците на националните телевизии укажаа дека предложените измени за нив се целосно прифатливи и очекуваат да бидат усвоени од страна на македонското собрание, соопшти кабинетот на Пендаровски.

Претседателот Пендаровски во текот на вчерашниот дел на истата тема имаше информативна средба и со претставниците на телекомските оператори на која беше запознат и со нивните ставови.са/

Back to top button
Close
Close