Дописници МКДХроника

Измамен 72 годишен кумановец за 300 евра за набавка на дрва за огрев

Седумдесет и две годишен кумановец, денеска пријавил во полицијата дека бил измамен од лица за сума од 300 евра, соопшти СВР Куманово.

Куманово, 10 мај 2021 (МИА) – Седумдесет и две годишен кумановец, денеска пријавил во полицијата дека бил измамен од лица за сума од 300 евра, соопшти СВР Куманово.

Според пријавеното, лицето му понудило огревни дрва на што тој се согласил и заедно се упатиле на местото каде наводно биле складирани.

– Откако пристигнале лицето му кажало дека ќе се врати, откако ќе го земе камионот, но отишло во неговата куќа и од неговата сопруга побарало пари во износ од 300 евра, со објаснување дека огревните дрва се сечат, соопштија од СВР Куманово.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот. ам/ки/

Таг
Back to top button
Close
Close