Kultura.SlajderКултураКултура.Портал

Изложба „Вибрации“ во Порта „Македонија“

Изложбата „Вибрации“ на „Галерија ’73“ од Белград, Србија вечер ќе биде отворена во Порта „Македонија“. Изложбата содржи дела во масло на платно и комбинирана техника на авторите Ирина Черњавски Шантриќ и Саво Рупиќ.

Скопје, 27 февруари 2020 (МИА) – Изложбата „Вибрации“ на „Галерија ’73“ од Белград, Србија вечер ќе биде отворена во Порта „Македонија“. Изложбата содржи дела во масло на платно и комбинирана техника на авторите Ирина Черњавски Шантриќ и Саво Рупиќ.

Како што е најавено, во присуство на авторите, на отворањето на изложбата ќе се обратат директорките на Музејот на македонската борба – Скопје и „Галерија ’73“, Даниела Николова и Мирела Пудар. Изложбата ќе ја отвори амбасадорката на Србија во нашата држава Душанка Дивјак Томиќ.

Ирина Черњавски Шантриќ и Саво Рупиќ се истакнати претставници на современата ликовна сцена од регионот со голем број самостојни и групни изложби. Македонската изложба е продолжување на соработката на Музејот на македонската борба со „Галерија ’73“ од Белград.

Изложбата ќе биде отворена до 8 март 2020 година. мд/са/

Back to top button
Close
Close