Kultura.SlajderКултураКултура.Портал

Изложба на Зоран Арсовски во Ќустендил

Академскиот ликовен уметник Зоран Арсовски-Бабата со изложба насловена „Тектонски пореметувања” од денеска до 20 февруари ќе се претстави во Општинскиот театар во Ќустендил, Бугарија. Изложбата претставува 64 слики од авторот, кој со неа претходно се претстави и во Софија. 

Скопје, 17 јануари 2020 (МИА) – Академскиот ликовен уметник Зоран Арсовски-Бабата со изложба насловена „Тектонски пореметувања” од денеска до 20 февруари ќе се претстави во Општинскиот театар во Ќустендил, Бугарија. Изложбата претставува 64 слики од авторот, кој со неа претходно се претстави и во Софија.

Зоран Арсовски-Бабата (1980, Куманово) дипломирал и магистрирал сликарство на Ликовната акдемија во Софија и членува во Друштвото на ликовни уметници на Македонија.

Имал десетина самостојни и учествувал во групни изложби и меѓународни ликовни колонии. Работи во Центарот за култура „Трајко Прокопиев” во Куманово како стручен соработник за визуелни уметности, архитектура и дизајн. Изработува и фрескоживописи, икони, сценографии и дизајн. хс/бк/

Back to top button
Close
Close