Дописници МКДКултураКултура.ПорталОпштински вести

Изложба на слики од жени уметнички во Кавадарци

Изложба на слики од жени уметнички беше отворена денеска во Музеј галерија Кавадарци. Куратори на изложбата се кустосите Билјана Галабова и Трајче Цветков.

Кавадарци, 5 март 2021 (МИА) – Изложба на слики од жени уметнички беше отворена денеска во Музеј галерија Кавадарци. Куратори на изложбата се кустосите Билјана Галабова и Трајче Цветков.

Галабова информираше дека изложбата има интернационален карактер, со свои дела се застапени авторки од Кавадарци, земјава и странство.

-Жените создаваат уметност со векови  и својата моќ можат да ја претстават на разни креативни начини, рече меѓу другото таа.

Уредник на изложбата е директорката на Музејот, кустос советник Весна Ѓорѓиева. Покровители се градоначалникот и Советот на општина Кавадарци. свд/сст/

Back to top button
Close
Close