Kultura.SlajderКултураКултура.Портал

Изложба на скулпторот Славчо Спировски во Њујорк

Во Македонскиот културен центар во Њујорк (Gallery MC) синоќа беше отворена самостојна изложба на скулпторот Славчо Спировски, насловена „Аголност на илузијата на пакетирањето“, која е  второ претставување на уметникот пред американската публика.

Скопје, 17 јануари 2020 (МИА) – Во Македонскиот културен центар во Њујорк (Gallery MC) синоќа беше отворена самостојна изложба на скулпторот Славчо Спировски, насловена „Аголност на илузијата на пакетирањето“, која е  второ претставување на уметникот пред американската публика.

Се работи за концептуално дело – просторна подно-ѕидна инсталација, специјално подготвена за овој галерискиот простор, односно преобликување на концептот за суштината на скулптурата како илузија за тридимензионалност.

На отворањето на изложбата настапи и пијанистот Симон Трпчески, кој со авторот соработува повеќе од 12 години.

Изложбата на Спировски во Њујорк е реализирана со поддршка од Министерство за култура  и ќе биде отворена за посетители до 25 јануари. хс/сп/ 

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close