Дописници МКДКултураКултура.ПорталОпштински вести

Изложба „Марино” од Ацо Таневски во Крива Паланка

Изложбата на Ацо Таневски насловена „Марино" од денеска е поставена во галерискиот простор на Центарот за култура-Крива Паланка и ќе може да се посети до завршувањето на велигденските празници.

Крива Паланка, 23 април 2021 (МИА) – Изложбата на Ацо Таневски насловена „Марино” од денеска е поставена во галерискиот простор на Центарот за култура-Крива Паланка и ќе може да се посети до завршувањето на велигденските празници.
– На оваа прва изложба во април се поставени 24 слики,  пејзажи, од циклусот „Марини” на академскиот сликар Ацо Таневски од Скопје. Сликите се масло на платно, со езерски и морски  мотиви  со бранови, зајдисонца,  мирни крајбрежја и повикуваат на симбиоза на човекот со  чистата и недопрена природа, за нејзино зачувување како наш  единствен дом. Изложбата е посветена на  22 Април – Ден на  планетата Земја и 23 Април – Светски ден на книгата, изјави директорката на Центарот за култура-Крива Паланка, Мира Ѓоргиевска.
Изложбата ја отвори градоначалникот на Крива Паланка и со неа официјално почна одбележувањето на 50-годишното постоење на Центар за култура Крива Паланка. ид/хс/

Back to top button
Close
Close