Дописници МКДОпштински вести

Изложба „Големи и мали” на Владимир Темков на 12 февруари во Кавадарци

Ликовниот уметник Владимир Темков од Кавадарци денеска ја најави својата изложба насловена „Големи и мали“, што ќе биде отворена на 12 февруари во Домот на културата во тој град. Темата на изложбата е „Бојата на небото и водата во Тиквеш”.

Кавадарци, 2 февруари 2021 (МИА) – Ликовниот уметник Владимир Темков од Кавадарци денеска ја најави својата изложба насловена „Големи и мали“, што ќе биде отворена на 12 февруари во Домот на културата во тој град. Темата на изложбата е „Бојата на небото и водата во Тиквеш”.

– Во фокусот се водите во Тиквешијата. Во ова време невреме, во услови на пандемија од  Ковид-19, кога времето како да застана, се создадоа временски услови за потсетување на индивидуалното творештво. „Големи и мали” е насловена изложбата на овие слики, прикаска од нашето детство, кога на маалската улица се делевме на големи и мали. И сликите со мал формат се подеднакво важни во моето творештво, како и оние големите. Големината на моето творештво е и во малиот формат, нагласи Темков.

Тој појасни дека на изложбата ќе се претстави со слики со различни димензии. свд/рп/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close