0_Македонија.ПорталПарламентарни избори 2020Политика

Излезноста во Гостивар 16,6 проценти до 13 часот

Според последните податоци до 13:00 часот во гостиварскиот регион на гласање излегле 17.957 граѓани. Најголем одѕив има во општина Гостивар, каде вкупниот број избирачи е 79.945, а гласале 13.264, што е приближна излезност од 16,59 отсто.

Гостивар, 15 јули 2020 (МИА) – Според последните податоци до 13:00 часот во гостиварскиот регион на гласање излегле 17.957 граѓани. Најголем одѕив има во општина Гостивар, каде вкупниот број избирачи е 79.945, а гласале 13.264, што е приближна излезност од 16,59 отсто.

По селата во подшарпланинскиот регион, во општина Врапчиште на гласање излегле 3.307 граѓани од вкупно запишаните 25.913 со што излезноста е достигна 12,76 отсто.

Во најмалубројната општина која од оваа година е во 5ИЕ Маврово и Ростуше на гласање излегле 1.386 од вкупно 9.996 избрачи што е приближно 13,87 отсто

Засега не се регистрирани застои или прекршувања на изборниот процес. згм/вј/

Back to top button
Close
Close